Според најновиот индекс за иновации, „Блумберг 2020”, Германија е најиновативната земја во светот. По Германија следуваат Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а во првите десет се и: Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Според анализите Германија се рангираше на првото место, откако Јужна Кореја ја имаше лидерската позиција шест години, додека САД падна на 9. место.

Од земјите во регионот, на листата на „Блумберг” е Словенија која се наоѓа на 21. место,а Хрватска на 43. место.

Најголемо изненадување е Виетнам, која се искачи за три места, на 57. место. Виетнам беше поздравен како „лидер за е-трговија“ затоа што ги намали регулативите и ја подобри прекуграничната трговија.

Напредок постигна и Кина, додека САД  е во криза заради што под итно треба да  се инвестира во образование и истражување на трговски тарифи.

Годишниот индекс на иновации на „Блумберг“ веќе осма година по ред анализира десетици критериуми користејќи седум метрики, вклучувајќи трошоци за истражување и развој, производство на способност и концентрација на високотехнолошки јавни компании. Индексот беше објавен непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, каде што иновациите ќе бидат клучната тема на состаноците до 24 јануари.