Според плановите на сојузниот министер за труд, Хуберт Хајл, законски пропишаната минимална плата на 1 октомври годинава би се зголемила на 12 евра на час.
Тоа произлегува од неговиот нацрт-закон, кој беше претставен на новинската агенција Ројтерс во петокот. Политичарот од СДП сака да спроведе едно од клучните предизборни ветувања на неговата партија.
Според нацртот, од покачувањето корист ќе имаат околу 6,2 милиони вработени кои при стапување на сила на покачувањето земале саатнина помала од дванаесет евра.
Минималната плата во моментов е 9,82 евра на час. За работодавците, Хејл очекува повисоки трошоци за плати од околу 1,63 милијарди евра за преостанатиот квартал.
Хејл во петокот го испрати нацрт-законот до другите министерства на одобрување. Според законот кој веќе е во сила, долната граница на платите ќе се зголеми на 10,45 евра на час на 1 јули. Зголемувањето од 1,55 до 12 евра три месеци подоцна би одговарало на зголемување од 15 отсто.