Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл. Според неговиот план, на сите оние кои целосно ќе одбијат да работат ќе им бидат укинати бенефициите до два месеци. Но, државата ќе продолжи да им го плаќа станот за да го спречи бездомништвото, информира Н1.

„Планираната уредба за е насочена кон оние кои неразумно и произволно одбиваат да прифатат разумна работа што им е понудена. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за финансиски санкции против граѓаните“, соопштија од Министерството, а пренесува Феникс Магазин. Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука.

Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да се плаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој започнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката. Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.