Германските економски експерти проценуваат дека економските резултати во земјата нема да се вратат на старото ниво пред 2022 година, по годинашниот остар пад на економијата како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Петчлениот германски Совет на економски експерти соопшти дека во втората половина од годината ќе има благо зајакнување на економијата, што ќе биде проследено со поумерен раст од 4,9 проценти следната година, додавајќи дека невработеноста годинава ќе продолжи да расте пред постепено да почне да опаѓа следната година.

Експертите велат дека најновите економски податоци јасно укажуваат на влијанието на мерките што го ограничуваат патувањето, деловните активности и контакти меѓу луѓето, но дека влијанието полека се намалува бидејќи се намали и бројот на заразените.

Затворањето на германската економија ќе се одрази и на уште 19 други земји што го користат еврото, за кои годинава се предвидува пад од 8,5 проценти.

Европската комисија претходно процени дека падот годинава ќе биде речиси 7,75 проценти.

Експертите дебатираат дали закрепнувањето треба да се форсира со поостро продолжување на активноста или треба да се фокусираат на послаб раст на подолг период,  бидејќи деловните активности и инвестициите се ослабени како резултат на ограничувањата на активностите.

Германскиот совет на економски експерти го назначува германската Влада со мандат од пет години, со цел на креаторите на политиките и на јавноста да им даде независна проценка на состојбата во економијата.