Модернизацијата и дигитализацијата на дел од работните операции на многу институции им ги поедноставија процедурите за работа, а на тој начин на клиентите им штедат време и енергија.

Во денешно време, на сите нас ни е потребно повеќе време и секако, повеќе пари. Веројатно некогаш ви се случило да останете без пари во паричникот и во тој момент идеално за вас би било некој на вашата сметка едноставно да префрли пари и да го реши вашиот проблем.

Но, што се случува доколку моментално немате отворено сметка во ниедна банка? А, тоа се разбира не можете да го направите во истиот момент толку брзо. Addiko банката , која во последно време ги следи модерните трендови и потреби на клиентите има решение и за овој проблем. Едноставно, треба да ја симнете мобилната апликација на Addiko banka која нуди моментална можност одма да отворите GO Digital сметка во банката која би била со мала платежна вредност.

За да ја отворите вашата на сметка на овој начин, не е потребно да имате веќе отворена сметка во банката. Потребен ви е само интернет и лична карта. Покрај користењето на оваа сметка клиентите ќе може да ги користат и услугите m-banking, e-banking и Addiko Chat banking на Viber. За некој да испрати пари на оваа сметка која ќе ја отвори клиентот тој само треба да го има неговиот број во именикот , а оној кој испраќа пари да ја инсталира m-banking апликацијата.

17.01.2018 13:48