Вештачката интелигенција веќе почнува да влијае на пазарот на трудот во развиените земји, а работниците на почетокот на својата кариера чувствуваат најголем притисок, покажува истражувањето објавено од њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс.

Банката откри дека вработеноста расте побавно од втората половина на 2022 година во индустриите каде вештачката интелигенција најмногу се користи за автоматизирање на работните места, а овој тренд е особено изразен во САД, Германија и Австралија, пренесува CNBC.

Секторите каде вработеноста падна далеку под долгорочниот тренд се центрите за повици, развој на софтвер, бизнис консалтинг и рекламирање.