Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 % во однос на одлуката од 1.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалуваат 0,50 денари за литар, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,690 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,445 денар за килограм.

Од 9.11.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 67,50 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 66,50 (денари/литар)

– мазут М-1 НС – 41,445 (денар/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 2,637 % , кај дизелот 2,055 %, кај екстра-лесното масло 2,660 % и кај мазутот намалувањето е 2,234 % .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146 % , информираат од РКЕ.