Граѓаните кои ја искористија мерката за одложување на ратите, од месецов ќе мора да продолжат со редовното плаќање.

Граѓаните кои ја искористија мерката за одложување на ратите, од месецов ќе мора да продолжат со редовното плаќање на обврските и долговите. Со стартот на редовното плаќање ќе им стигне и повисока рата. Евентуално ново одложување на ратите би имало само за најзагрозените во државата.

Од овој месец нема веќе одложување на ратите за кредити, што како мерка беше воведена лани, поради негативните ефекти на пандемијата врз економијата.

Банките лани во два наврати на по шест месеци овозможија граѓаните погодени од ковид-кризата да може да склучат договор за одложено плаќање на ратите. Од април, оние што ја искористиле мерката за одложување на ратите, ќе мора да продолжат со редовното плаќање на обврските, а со стартот на редовното плаќање ќе им стигне и повисока рата, оти ќе треба да ги плаќаат и каматите за оние месеци за кои им беше замрзнато плаќањето на ратите.

Семејството Цветковски се едни од оние кој ја искористиле можноста што ја донесе Владата за одложување на плаќање на ратата, како дел од мерките за надминување на последиците од корона-кризата.