Комуналното претпријатие „Водовод“ од Истра, кое снабдува со вода голем дел од дел на Хрватска, вклучително и туристичките гиганти како Ровињ, Пореч и Умаг, каде се наоѓаат голем број сопственици на куќи и станови од ЕУ, воведе можност за плаќање сметки во криптовалути.

Истарскиот Водовод со тоа стана авангардна, односно првата хрватска комунална компанија која им овозможува на корисниците да ги плаќаат сметките со криптовалути.

„Нашата желба е да се прилагодиме на сите современи начини на плаќање, а во случајот со криптовалутите да бидеме делумно пред нашето време. Со новите услуги и можности, на нашите потрошувачи ќе им го олесниме и побрзо подмирувањето на месечните сметки за водоводни услуги, особено на оние кои ги подмируваат обврските од странство, а не е занемарливо што со овие начини на плаќање потрошувачите не излегуваат од нивниот дом . Но, нема да застанеме тука затоа што намерата ни е во следниот период да го дигитализираме и поедноставиме процесот на аплицирање за нов водоводен приклучок, така што повеќето процедури ќе можат да се вршат преку веб апликација без непотребна документација и посети на нашите деловни единици. “ изјави Младен Нежиќ, директор на „Истарска вода“, пренесува хрватски Бизнис Дејли.

Значи, водата од системот за водоснабдување во Истар сега може да се плати со криптовалути како што се Bitcoin, Ripple, EOS, Stellar, Bitcoin cash и Ethereum.