Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
На тој начин уште Адамс уште еднаш ја покажа личната поддршка и желба да го направи Њујорк центар за криптовалути.
„Њујорк е центарот на светот и сакаме овој град да биде центар на криптовалути и други финансиски иновации“, рече Адамс.
Откако неодамна беше избран за градоначалник, Адамс препорача криптовалутите и блокчејн технологијата да се учат во училиштата.