Шест милиони евра за нова современа опрема им стојат на располагање на компаниите преку Фондот за иновации и технолошки развој. Половина од овие средства ќе бидат доделени како по скратена постапка за фирми кои веќе аплицирале за грант, ги поминале проверките, но комитетот не им одобрил пари. Останатите пари се наменети за компании кои првпат  аплицираат.  На повикот за грант може да се јават сите микро, мали, средни претрпијатија и приватни здравствени установи.

Одлуките за тој кој се ќе добие пари за повикот по скратена постапка ќе бидат донесени пред да се распушти Собранието поради изборите, а за фирмите кои ќе аплицираат по редовна постапка ќе се донесат по завршување на изборниот циклус.

Рокот за аплицирање по скратена постапка е до 27 декември, а за редовна до 5 ти февруари.