Грција одлучи да додели еднократна помош на невработените во износ од 400 евра. Плаќањето на паричните надоместоци ќе започне по детална проверка на статусот на невработените.

Секој што сака да добие помош ќе треба да достави потврда за невработеност, име и презиме, матичен број, даночен број и банкарска сметка.

Сите заинтересирани лица мора да ги ажурираат овие информации на мрежната платформа на службата за вработување. Финансиската помош ќе биде исплатена до крајот на годината.

Се очекува помош да добијат 130.000 лица и за тоа да бидат издвоени 52 милиони евра.

Грција е една од најтешко погодените земји во светот оваа година, бидејќи е исклучително зависна од туризмот. Летната сезона беше доста лоша, поради помалку туристи од вообичаеното, и тоа секако се одрази на работата и профитот на угостителите.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк