Грчката влада одлучи да ја одложи аукцијата планирана за оваа недела за седумгодишните обврзници поради превирањето на меѓународните финансиски пазари, изјавија официјалните претставници.

Претставници од Министерството за финансии и агенцијата за јавен долг се состаноа вчера по големите загуби на Њујоршката берза после кои и во остатокот од светот дошло до масовна продажба.

Поради тоа Грција веќе ангажирала пет банки да раководат со претстојаната аукција.

Се очекува дека Грција три пати ќе издаде обврзници пред истекувањето на меѓународниот пакет помош во август. Новите задолжувања се дел од планот за повраток на пазарите, прв пат од 2010 година, кога ескалираше должничката криза.