Шведскиот, светски познат моден гигант H&M им овозможи на клиентите 24 часа бесплатно да ги изнајмуваат неговите костуми.

Компанијата ја започна својата услуга за изнајмување облека за прв пат во Велика Британија минатата недела, но планира да ја понуди истата услуга во САД почнувајќи од 13 мај, соопшти H&M.

Овој потег, наводно, е дел од поголема цел насочена кон одржливоста на гигантот за облека, кој ја лансираше „свесната колекција“ во 2012 година. Оваа колекција содржи предмети изработени од најмалку 50% одржливи материјали.

Шведскиот моден гигант планира да користи само рециклирани или други материјали од одржливи извор од 2030 година.

H&M изјави дека услугата за изнајмување облека исто така им овозможува на сите што ќе дојдат на интервју за работа „да остават моќен прв впечаток“.

Клиентите имаат цел ден да го искористат изнајмувањето и ќе мора да ги вратат костумите во припејд торба за враќање на еден од партнерите за чистење на H&M.

Иако клиентите на H&M не се одговорни за каква било мала штета како што се дамки, тие ќе мораат да ја платат целата малопродажна цена на облеката доколку се појави некоја „голема штета“.