Кибернетичките напади годинава руските компании и граѓани ги чинеле околу 3.600 милијарди рубљи (49 милијарди долари), објави најголемиот руски заемодавач Сбербанк.

Во обид да ја сузбие сивата економија Русија ги поттикна граѓаните да преминат на банкарски картички и да го ограничат користењето готовина, но бројот на кривични дела поврзани со банкарските картички годинава е сепак шестпати зголемен, соопшти руското министерство за внатрешни работи.

Станислав Кузњецов, заменик претседателот на Сбербанк задолжен за надзор на безбедноста и услугите, изјави за Ројтерс дека приватните компании и граѓаните биле главните мети на хакерските напади бидејќи државните служби за безбедност се подобро заштитени.

„Приватниот сектор е најранлив, цел на нападите беше сè, од сметките на клиентите до финансиските податоци и тендерската документација. На даркнет постојат околу 2,3 милиони профили на руски кои нудат украдени податоци“, кажа тој.

Сајбер-криминалците кои зборуваат руски доаѓаат од Германија, Украина и Венецуела, како и од самата Русија, соопшти Сбербанк. Таа државна банка има сопствен оддел за сајбер безбедност, кој пружа услуги за ИТ заштита и одбрана од кибернетички напади врз банката и клиентите.

Банките, вклучувајќи ја Сбербанк, се подобро заштитени од другите делови на економијата, но сè почести се телефонските измами во кои лице преку телефон се претставува како вработен на банка и од клиентот бара да ги даде податоците за картичката, истакна Кузњецов.

Според неговите проценки руските граѓани само оваа година во телефонски измами изгубиле дури речиси 10 милијарди рубљи. Тој не ги кажа податоците за 2019 година.

Руската централна банка забележала минатата година повеќе од половина милион неовластени операции на банкарските сметки во Русија, во кои од приватни и корпоративни банкарски сметки се украдени 6,4 милијарди рубљи, наведува Ројтерс.