Халкбанк АД Скопје од вторник, (27.07.2021 година – вторник), ќе започне со исплата на јулските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Препорачаната готовинската исплата на пензиите за клиентите кои не користат платежни картички ќе се одвива на шалтерите на Банката во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари 27.07.2021 година (вторник);
  • 001-14.000 денари 28.07.2021 година (среда);
  • 001-18.000 денари 29.07.2021 година (четврток); и
  • Над 18.001 денари 30.07.2021 година (петок).

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на потребите на клиентите во периодот од 08:30 до 16:30 часот.