Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години. Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се
идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.