Халкбанк, од денес воведе можност за бесконтактно плаќање и до 2.000 денари без да внесувате ПИН код на ПОС терминалите на Халкбанк, сè со цел да придонесат кон зголемување на мерките за заштита. Услугата важи за сите бесконтактни картички.

ПЛАЌАЈ ВО ДВИЖЕЊЕ !!!

Mastercard Debit Contactless дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со Вашата трансакциска сметка и одобрениот минус на истата.

Mastercard Debit Contactless е меѓународна картичка  наменета за безготовински трансакции, која поддржува интернет плаќање и за истите може да добиете е-маил известување за секоја направена трансакција.

Користење на Вашите расположливи средства 24/7

Можност за брзо и лесно БЕСКОНТАКТНО плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање.

Пин авторизација и авторизација со личен потпис не е потребна за трансакции до висина на лимитот одреден од Банката (750,00  мкд ) или до лимитот за бесконтактно плаќање поставен на терминалот кој прифаќа бесконтактни картички.

Користењето на картичката е без провизија за плаќање во трговската мрежа и без провизија за подигање на готовина од банкоматите на Халкбанк А.Д. Скопје.

Сите приматели на плата/пензија во Халкбанк А.Д. Скопје имаат можност за  подигање готовина од сите банкомати во Р.Македонија без надомест.

 Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуват највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќање (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).

Можете да аплицирате за Mastercard Debit Contactless во најблиската филијала/ експозитура на Халкбанк А.Д Скопје или онлине преку нашата Апликација.

За да бидете информирани за секоја Ваша трансакција преку СМС инфо Ве молиме пополнете и испратете ја апликацијата за СМС инфо до најблиската филијала на Халкбанк А.Д. Скопје или  доставете ни ја на емаил :  [email protected]