Поради надминување на дозволената количина на пестициди, Холандија повлече од пазарот замрзнати вишни со потекло од Србија, објави RASFF – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храна.

Станува збор за пестицидот диметоат, кој, како што се наведува, бил откриен во поголема количина од дозволената.

Според податоците од РАСФФ, контролата на овошјето ја вршел самиот производител.

Во примерокот земен на 6 март, откриени се остатоци од овој пестицид во количина од 0,044 мг по килограм, додека дозволената количина е 0,01 мг по килограм.

Ризикот по здравјето на потрошувачите се дефинира како „сериозен“.