Холандските туристи Македонија ја избраа за најпосакувана туристичка дестинација за 2021 година. Земјава доби Златна награда за дестинација за патување

Холандските туристи ја избраа Македонија како најпосакувана дестинација за 2021 година. Истражувањето е спроведено од реномирана холандска платформа „Reisgraag.nl“, која испитувајќи го задоволство од услугата на тур-оператори, земји и туристички места низ целиот свет, додели златна награда на државава.

Холанѓаните коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странство, највисоко оценка дале на локацијата на нашата земја, потоа рестораните, културата, гостопримството и локалитетите.

Од градовите Струга доби најниска оцена, потоа Битола, Скопје, а највисоко котира Охрид.

-„Оваа награда е на целиот туристички сектор низ изминатите години нивната работа, нашето гостопримство и како дестинација, услужност, сместувачките капацитети и нашата оценка е 8,2 од можни 10 со што сме на првото место од рангираните дестинации на престижниот холандски сајт“, вели Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Доколку стивне пандемијата, има надеж оваа сезона да дојдат холандските и полските туристи.

„Еден од двата најголеми тур-оператори, Туи Холандија веќе размислува во втората половина на месец јуни да отпочне со летови доколку се смири состојбата со самата пандемија. Имаме и најава за летови Варшава Скопје и Варшава Охрид со што се зголемува можноста и за поголем број на полски туристи“, додава Јаневски.

Агенцијата за туризам оваа сезона очекува зголемување на странските туристи за 20% и остварување на два милиони ноќевања до крајот на годинава.