Се воведува еколошка такса за туристите, а ќе ја плаќаат и еднодневните посетители, пишува „Вечерњи лист“, наведувајќи дека за воведувањето на оваа такса и нејзината висина ќе одлучуваат градовите и општините по идната стапување во сила Законот за туризам.

Локалните власти ќе одлучат кои места ќе воведат еколошка такса за нивните еднодневни посетители, како и гостите за подолг престој, а градовите и општините ќе одредат и за кој период и во колкави суми. Ништо од тоа не треба да биде произволно, туку според критериумите за посета и развој на туризмот од Законот за туризам кој се подготвува.

Туристите сега плаќаат туристичка такса за секое ноќевање која изнесува приближно едно до три евра, во зависност од дестинацијата и периодот на туристичката година, а засега нема информации за можните износи на екотаксата.

Но, како што деновиве изјави за „Вечерње лист“ министерката за туризам Николина Брњац, без намера да се меша во одлуките на локалните власти, ќе може да се работи од едно до три евра дневно поминато во туристичка дестинација.