KFC е подготвена да се приклучи на „безмесниот“ пазар со тестирање на веганска верзија на својот класичен бургер со пилешка плескавица. “Imposter Burger”, кој е веќе достапен во САД, и ќе биде тестиран во одредени продавници во Велика Британија. Овој потег доаѓа како резултат на новиот извештај од глобалната консултантска фирма АТ Керни, кој предвидува дека до 2040 година, 60% од луѓето што јадат месо ќе преферираат замена за месото или класичните бургери ќе бидат заменети со производи базирани на растителни производи кои имаат вкус на месо, но ќе бидат од растително потекло, наместо да се колат животни.