Нивното противење, сепак, не го спречи усвојувањето на овој план, за кој беше потребна поддршка од најмалку 15 земји за да стане закон. Со договорот се бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, со тоа што тоа може да стане обврска во вонредни околности, иако со бројни исклучоци за одделни земји и индустрии.
Земјите од Европската унија денеска официјално го усвоија планот за вонредни ситуации поврзани со намалувањето на потрошувачката на гас, за заштеда на гориво за зимскиот период поради неизвесноста со руските испораки, и покрај противењето на Полска и Унгарија на конечната верзија на законот.

Минатата недела, членките на ЕУ постигнаа договор за намалување на побарувачката на гас, во обид да ги наполнат складиштата за гас за претстојната зима и да се подготват за можно целосно прекинување на испораките од Русија.

Со договорот се бара од сите земји од ЕУ доброволно да ја намалат потрошувачката на гас за 15 проценти, со тоа што тоа може да стане обврска во вонредни околности, иако со бројни исклучоци за одделни земји и индустрии.

Пред почетокот на воената операција во Украина, Русија обезбедуваше 40 отсто од вкупните потреби на ЕУ од гас.

Оттогаш Москва го намали протокот на гас во Европа, што им отежнува на 27-те земји членки да ги наполнат складиштата пред зимата, што предизвика трка за купување неруско гориво и преземање мерки за ограничување на потрошувачката на гас.

Унгарија, која преговара за купување дополнителен гас од Русија, беше единствената земја што се спротивстави на договорот минатата недела, доведувајќи ги во прашање легитимноста на правилата на ЕУ кои влијаат на енергетската безбедност на земјата.

Полска, исто така, се спротивстави на конечниот закон, иако минатата недела го поддржа договорот. Варшава оцени дека правната основа за тој закон е „неисправна“ и дека одлуките за енергетскиот микс на земјите-членки треба да се носат едногласно од сите земји.

Нивното противење, сепак, не го спречи усвојувањето на овој план, за кој беше потребна поддршка од најмалку 15 земји за да стане закон.

Европската комисија исто така, „итно проценува“ и можност за воведување на ограничување на цената на гасот, се наведува во соопштението, без да се прецизира каква форма би имала таа граница, објави Ројтерс.