ИКЕА е во потрага по повеќе локации во централните градски подрачја ширум светот, објави Ројтерс. Најголемата мебелна група во светот вели дека ги препознава потребите кај клиентите дека тие немаат повеќе време, или автомобили, за да одат до нивните традиционални продавници, вообичаено лоцирани надвор од градовите. ИКЕА штотуку ја отвори новата продавница во лондонскиот Гринич и има планови за Париз и градските центри во Москва. Компанијата неодамна откри дека ќе ги промовира изнајмувањето на мебел на своите најголеми пазари ширум светот.