Вредноста на имотот на Илон Маск во петокот го надмина имотот и богатството на Ворен Бафет, со што извршниот директор на „Тесла“ е седмата најбогата личност во светот, според „Bloomberg Billionaires Index“.

Богатството на Маск се зголеми за 6,07 милијарди американски долари во петокот, објави „Блумберг њуз“, по зголемувањето на акциите на производителот на електрични автомобили за 10,8 проценти.

Средствата на Бафет беа намалени претходно оваа недела, кога тој донираше акции во вредност од приближно 2,9 милијарди американски долари на конгломерат „ Berkshire Hathaway Inc“, на четири добротворни цели и фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, што е последниот, но не и најголемиот придонес во неговиот план за споделување на неговиот богатство.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е најбогат човек во светот со 179 милијарди долари, а ко-основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс е втор со 116 милијарди долари.

Акциите на Tesla скокнаа за 500 проценти во текот на изминатата година, откако компанијата ја зголеми продажбата на Model 3.