Индија годинава би можела да ја надмине Кина со економски раст, а со тоа да стане и најбрзо растечката економија во светот, барем според податоците на консултантската компанија Глобалдата.

Компанијата очекува дека растот на индиската економија во 2020 година ќе биде толку остар што нејзиниот БДП ќе порасне за дури 9,7 проценти до крајот на годината. Кинескиот раст треба да биде 8,6 проценти во истиот период.

Ова предвидување се заснова на податоци за неколку двигатели на индиската економија, од кои се сметаат за клучни странските директни инвестиции што пристигнаа во оваа земја во изминатите неколку месеци. Освен нив, државниот пакет финансиски стимулации вреден 266 милијарди долари треба да придонесе и за растот на индиската економија.

Како што пишува Кварц, комбинацијата на овие влијанија, падот на бројот на заразени лица и масовните вакцинации влеваат во целост реална доза на оптимизам. Дополнителен стимул за индиската економија треба да биде почетокот на фестивалската сезона за време на која домашната потрошувачка во оваа земја значително расте. Фестивалската сезона започнува на лето. Тогаш рапидно расте потрошувачката на електроника, осветлување, украси и змејови, но и слатки. За време на фестивалот, малите продавници скоро го дуплираат својот промет, и продавниците од разни активности, па дури и златарите, бидејќи повеќето од зделките се случуваат во тие месеци.

Сепак, Индија не мора да чека до летото. Дека закрепнувањето на индиската економија веќе започна, сведочат и податоците за закрепнување на пазарот за деловен простор во оваа земја, кои се вратија на нивото пред коронакризата во последниот квартал од минатата година.