Инфлацијата во Европската унија значително забрзала во декември, по посилниот раст на цените во еврозоната, објави Eurostat.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во декември се зголемиl на 3,4 отсто, од 3,1 отсто во претходниот месец. На месечна основа, цените благо пораснаle, за 0,1 отсто, откако во ноември беа намалени за 0,4 отсто, покажуваат табелите на Европскиот завод за статистика.

Во декември, годишната стапка на инфлацијата во еврозоната измерена со HICP изнесувала 2,9 отсто, забрзувајќи првпат од април, ја потврди Eurostat проценката објавена на почетокот на јануари. Во ноември таа изнесуваше 2,4 отсто.

Цената на свежата храна најмногу пораснала во декември во еврозоната за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година, значително повеќе отколку во ноември. На месечна основа, цените во 20-члената економија во декември пораснала за 0,2 отсто, откако во ноември паднаа првпат од јули за 0,6 отсто.

Меѓу земјите на ЕУ кои не се дел од еврозоната, Чешка и Романија имаа убедливо највисоки стапки на инфлација – од 7,6 и 7 проценти, соодветно. Во Полска, водечката економија надвор од еврозоната, таа изнесувла 6,2 отсто.

Кај земјите од еврозоната, цените најмногу пораснале во Словачка, за 6,6 отсто во однос на декември претходната година. Следува Австрија со пораст на потрошувачките цени од 5,7 отсто. Блиску е и најновата членка на еврозоната Хрватска, каде цените според HICP се повисоки за 5,4 отсто во однос на декември 2022 година (кога не беше во зоната), кога годишната стапка на инфлација изнесуваше 12,7 отсто. Во ноември минатата година таа изнесуваше 5,5 отсто.

Најблиску до Хрватска на крајот на годината била Унгарија, која не е дел од еврозоната, со 5,5 отсто пораст на потрошувачките цени во однос на истиот месец од претходната година.

На годишно ниво, потрошувачките цени најблаго пораснале во декември во Данска за 0,4 отсто и во Италија и Белгија за 0,5 отсто, се наведува во извештајот на Eurostat.