svetski valutiЈапонската валута во однос на еврото на меѓународните пазари скокна на највисоко ниво во последните седум недели, откако инвеститорите тргуваа претпазливо поради малиот ризик пред почетокот на дводневната редовна седница на ФЕД.

Еврото во такви околности во однос на јенот ослабна за 0,6 проценти на 133,03 ¥, на најниско ниво од почетокот на септември. На сличен процентен пад е и доларот во однос на јенот и се спушти на 121,60 ¥.

Европската валута во однос на американскиот долар се намали за 0,1 проценти на 1,1050 $, со тоа ослабна за повеќе од два проценти по минатонеделната прес конференцијата на шефот на Европската централна банка (ЕЦБ) Mariо Draghi, на која сигнализираше за можни дополнителни стимулативни мерки. Блага поддршка еврото доби од последниот Извештај за бизнис климата на германскиот IFO институт.

“Draghi за разочарувачкиот тренд на инфлацијата ја обвини апрецијацијата на еврото во последните неколку месеци. Тоа значи дека еврото, најверојатно, нема повеќе да зајакнува и покрај поволните вести од економијата. Европската централна банка ќе се погрижи да го направи тоа”, пишуваат аналитичарите во Commerzbank.

Иако учесниците на пазарот проценуваат дека шансите за зголемување на каматните стапки во САД на редовниот состанок на ФЕД оваа недела се само околу 7 проценти , внимателно ќе се анализира пораката на претседателката Janet Yellen за да се обидат да дознаат дали ќе дојде до зголемување на каматните стапки на следната седница во декември.