Платежната агенција соопшти дека денеска на сметките на 5 525 млекопроизводители се исплатени вкупно 75 671 467 денари поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во август и септември 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

-Со денешната исплатата за август и септември ја заокружуваме како целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021. Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките, информира директорот Никица Бачовски.