Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 14 113 лица кои одгледуваат лозови насади исплатила вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата по однос на мерките: директни плаќања за оддржување на лозови насади“ и директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

ПАРИТЕ ЗА ЛОЗАРИТЕ ГИ ИСПЛАЌАМЕ ПРЕД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ТРИФУН, КОГА И ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛКУ ПРОИЗВОДСТВО НА НОВА РЕКОЛТА НА ДОМАШНО ГРОЗЈЕ И ВИНО. НАШЕ Е ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ПОВОЛНИ УСЛОВИ И СРЕДСТВА КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ ВО НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДНИТЕ ТРОШОЦИ. НА ЛОЗАРИТЕ ОСТАНУВА ДА ДАДАТ СЕ ОД СЕБЕ ДА ПРОИЗВЕДАТ КВАЛИТЕТНО ГРОЗЈЕ ОД КОЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДЕ И ДОБРО ВИНО, ИЗЈАВИ ДИРЕКТОРОТ БАЧОВСКИ.

Агенцијата соопшти дека со Владата и Министерството за земјоделство, преку креирање мерки и програми, ќе продолжат да создаваат поволни услови за развој на агросекторот.

– Сите кои стекнале право за користење финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција, ги добиваат средствата кои им следуваат. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенцииите продолжува. Земјоделските субвенции ќе се исплаќаат во период кога средствата им се најпотребни на земјоделците, односно пред почеток на новата реколата, наведува Агенцијата во соопштението.