По налог на Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија, приведени се Дубравко М., брат на одговорното лице во Алта банка, Давор М., и директорката на Алта пеј груп, Татјана Б., потврдија од обвинителството за Танјуг.
Давор М. беше уапсен на почетокот на ноември, заедно со директорот на Одделението за трезор и управување со готовина во Алта банка, Г. М., и соработникот за трезорско работење во банката, И. П.
Давор М. е осомничен за сторено кривично дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите двајца претходно уапсени се осомничени за помагање во извршувањето на истото кривично дело.
Засега нема дополнителни информации за конкретните сомневања против новоприведените лица.