Вредноста на биткоинот вчера достигна нова највисоко забележана вредност, бидејќи нејзината цена беше зголемена за девет проценти.

На платформата за тргување со крипто-валута Бинанс, дигиталната валута достигна 19.789 долари, што е за 9,42 проценти повеќе по веста дека новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ја избра Џенет Јелен, поранешниот претседател на ФЕД, да го води Министерството за финансии во неговата администрација.

На втората платформа, Битсамп, биткоинот достигна 19.826 долари, додека на Bitfinex достигна 19.844 долари во исто време.

Благодарение на тоа зголемување, пазарната капитализација на биткоинот се зголеми на 359.905.470.197 долари, што е раст од неверојатни 170 проценти оваа година.