Одличниот експеримент за работа од дома, што беше предизвикан од пандемијата КОВИД-19, го подели мислењето во корпоративниот свет и предизвика бесконечно долги дебати за тоа дали вработените можат да работат толку ефикасно од кујната како од канцеларијата.

Ново истражување покажа дека работата од дома всушност нè прави попродуктивни, пишува Блумберг.

Проширувањето на работата од дома ќе ја зголеми продуктивноста во економијата на Соединетите држави за пет проценти, најмногу заради заштедите при одење на работа, покажа новата студија.

Истражувањето исто така покажа дека присилното усвојување на нови технологии заради пандемијата ќе има повеќе придобивки за економијата, а ниската продуктивност, која беше оценета како една од најголемите пречки за забрзан економски раст, сега може да се отстрани.

Работа од дома по пандемијата

Но, не ситесе љубители на работата од дома.

Дејвид Соломон, извршен директор на Голдман Сакс Груп АД, го нарече новиот начин на деловно работење „привремено решение“, кое ќе биде укинато „што е можно поскоро“, тврдејќи дека е особено важно новите работници да ја апсорбираат културата на Вол Стрит.

Наспроти тоа, Марк Цукерберг, извршен директор на Фејсбук, вели дека можноста за ангажирање на инженери кои се физички далеку од канцеларијата на компанијата, отвори нови бази за таленти и многу вработени ќе работат од дома по пандемијата – со плати во согласност со нивните нови локации.

Повеќе од 30.000 американски работници учествуваа во истражувањето, со цел да се утврди дали ќе продолжат да работат од дома дури и по поминувањето на пандемијата.

Тековните резултати покажуваат дека бројот на работни часови од дома ќе бидат проширени од пет проценти неделно до 20 проценти, што е, се разбира, значително е помало од она што бевме принудени да го имаме на врвот на пандемијата.

Привилегија на образованите и богатите

Многу компании веќе најавуваат како ќе им понудат пофлексибилни опции за работа на своите вработени и како ја намалуваат големината на своите канцеларии.

HSBC Holdings Plc објави дека цел кат во кој претходно биле сместени канцелариите на вработените сега ќе го претвори во сали за состаноци.

Твитер ја одобри можноста за неограничена работа од дома дури и по пандемијата.

Сепак, некои занимања е невозможно да се работат од топлината на домот, особено оние помалку платени, како што е угостителството или некои други основни гранки на економијата.

Работата од дома покренува многу социолошки прашања и како што стојат работите сега, работата од дома станува привилегија на образованите и богатите, заклучија истражувачите.

И откако ќе помине пандемијата, инвестирањето во опрема, прилагодување на домот за работа и стравот од гужва ќе направи многу луѓе да работат повеќе од дома, доколку имаат можност да го сторат тоа.

Според друго истражување, секоја петта компанија во САД планира да го намали канцеларискиот простор.