Известување за клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Банката планирани за претстојниот викенд од 16.07.-19.07.2021г., а како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. 

Известување за клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Банката планирани за претстојниот викенд од 16.07.-19.07.2021г., а како резултат на финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Прекините се планирани како што следи:

  1. Експозитури
  2. На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.
  3. 17.07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.
  4. На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 до 16:00 часот.
  5. Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде на 31.07.2021г.
  1. Картички, ПОС терминали, АТМ-и
  2. Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од еден (1) час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00-03:00 часот.
  1. Дигитални канали (Електронско банкарство, Мобилно банкарство, СМС известување)
  2. На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на промет во земјата и странство ќе бидат во прекин.
  3. Целосен прекин кај овие апликации се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).
  4. Банката ќе даде дополнително известување кога повторно ќе бидат ставени сите апликации во функција.

Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Сите подетални информации за можни прекини погледнете ги на https://bit.ly/3r9UvkH