Дневните испораки на нафта од Русија во Индија се зголемија на 2,2 милиони барели дневно минатиот месец, соборувајќи го рекордот десетти месец по ред, според аналитичката компанија Кплер. Увозот на нафта на Индија од Русија сега е поголем од увозот од Саудиска Арабија и Ирак заедно, пренесува Блумберг.

Извозот на нафта од Урал од Русија во Индија урна уште еден рекорд во јуни – 1,5 милиони барели дневно. Најголеми купувачи на руска нафта во Индија во изминатите два месеци беа индиската државна компанија Индиан Оил Корп и најголемиот холдинг во земјава Рилајанс Индустрис, додава агенцијата Кплер, пренесува Танјуг.

Аналитичарот на компанијата Кплер, Виктор Катона, смета дека индискиот увоз на нафта од Русија е блиску до својата граница поради инфраструктурни проблеми, како и поради потребата да се одржуваат добри односи со другите добавувачи на нафта.