currencies connected in 3d rendered abstract

На меѓународните девизни пазари во вторникот на вредност добија јенот и еврото, во кои инвеститорите бараа засолниште за капиталот поради паѓањето на цените на акциите и цената на нафтата на глобално ниво, а повторно ослабеа валутите на земјите извозници на нафта.

Доларот во такви околности во однос на јенот ослабе за 0,45 проценти, на 117,76 ¥. Еврото зајакна во однос на доларот за 0,15 проценти до 1,0865 $.

Долар индексот исто така се намали, бидејќи инвеститорите се претпазливи додека чекаат порака од редовниот месечен состанок на Банката на федерални резерви, кој завршува во среда.

Инвеститорите внимателно ќе ги следат информациите што ќе ги пласира Банката на федерални резерви, со цел да се дешифрира дали претходната намера за продолжување на зголемувањето на каматните стапки оваа година ќе има влијание врз сегашните превирања на глобалните пазари, големиот пад на цената на нафтата и зголемените стравувања од забавување на кинеската економија.