valute-640x330Јенот и еврото во вторникот на меѓународните девизни пазари зајакнаа, бидејќи склоноста за ризик на инвеститорите спласна откако се објавени обесхрабрувачките податоците за кинеската трговија.

Долар во таква атмосфера во однос на јенот ослабе за 0,5 проценти на 112,85 јени. Еврото во однос на доларот се зголеми за 0,2 проценти на 1.1042 долари. Еврото во однос на јенот ослабе за 0,2 проценти на 124,65 ¥.

Во фокусот на пазарите се исклучително слабите податоци за кинеската трговија во февруари, кои покажаа остар пад на кинескиот извоз од 25,4 проценти на годишно ниво, со пад на увозот од 13,8 проценти.

И јенот и еврото обично се попривлечни за инвеститорите во време на голема нестабилност на финансиските пазари и економска несигурност.