Излезе денес, рано-рано од сабајле натпис во скоро сите мејнстрим партал-портали, нарачан текст за оправдување на обложувалниците и казината низ Македонија. Во текстот се тврди дека 10% од буџетот се полнел од овие легализирани грабежи на народот. 

Во истиот текст, просечниот македонски кладилничар и џаболебар, но и просечниот читател, се убедува дека ние уствари сме благословени што ги имаме овие „генератори за профит“ во земјава. И тоа е легитимно. Начекале село без кучиња, па го пљачкаат народот, а тој веќе со Стокхолмски синдром, чуствува одредени симпатии кон силувачот. Овие симпатии особено ги чувствува во аналниот предел.

Така да, овие последни крици на оваа расипана клика, која го краде, будали и осиромашува народот ми се легитимни. Она што ме чуди е како сите „као“ сериозни портали и медиуми, за „шака долара“ им објавуваат ваков ПР текст. Дали, почитувани и професионални редакции, не ви е срам да објавите ваков текст? Да, Вие сте ороспиите кои одат со коцкањето… Не се тоа жените со низок морал кој кружат околу казината, туку главните ороспии сте вие, што за некој денар објавувате вакви ПР текстови. Дали имате барем малку акл во главите? Па тие ве пљачкаат Вас, Вашите најблиски, Вашите семејства и пријатели.

Ги собираат парите, и најголем дел ги носат во странство, каде што им се нивните газди. Народот останува со прстот во уста!

Оддамна знам дека сте длабоко грло без дно, но дека до олку сте без дно не можев да верувам !

Затоа, целосен респект за Владата и поддршка за новиот закон кој ќе ги затвори овие извори на зло. Истото го направија сите наши соседи: Грција, Албанија и голем број други земји.

Апел до надлежните : Затворете ги сите обложувалници и казина во Македонија. Колку само милиони украле преку превари од овој осиромашен и напатен народ? Не ни требаат ни нивните даноци, ни нивните вработени…

Сподели ја веста доколку се согласуваш !

Се работи за нашата иднина!

ПС. Порака до сите оросписки редакции – се надевам ќе Ви завршат работа тие пари кои ги зедовте за ваков ПР…..

Наум Димитровски

 

Високи 10 отсто е уделот на спортските обложувачници во вкупно собраниот данок на личен доход во државата

Високи 10 отсто е уделот на спортските обложувачници во вкупно собраниот данок на личен доход во државата