Во наводното интервју за магазинот „Fortune“, милијардерот изјавил дека кризата низ која моментално поминува крипто-просторот ќе овозможи да се раздвојат валидните проекти од оние кои не се темелат на ништо, пренесува „Bonitet“.

„Во купувањето акции и криптовалути, ќе видите дека компаниите кои биле поддржани од евтини, лесни пари, но немале веродостојни работни изгледи, ќе исчезнат“, изјавил Кјубан.

„Како што вели Ворен Бафет: Кога плимата ќе исчезне, можете да видите кој плива гол“.

Пазарот на криптовалутите се соочува со проблеми
А, што се случува моментално? Биткоинот – кралот на криптовалутите, изгубил над 70 отсто од својата вредност од 10 ноември досега. Етериумот, втората најголема дигитална валута по пазарната капитализација, „паднал“ за 77,6 отсто.

Овој колапс се објаснува со стравот од рецесија којшто ги турка инвеститорите да ликвидираат различни средства, додека пак Федералните резерви агресивно ја зголемуваат својата стапка за да се борат против најголемата рецесија во последните 40 години.

Една од причините за тоа се и интернет-скандалите. Во мај сестринските токени УСТ и Луна наеднаш ја загубиле својата вредност, предизвикувајќи исчезнување на најмалку 55 милијарди долари. Еден месец подоцна, Целзиус Нетворк наеднаш го замрзнал повлекувањето на средствата од својата платформа.

На почетокот на оваа седмица најголемата светска крипто-берза по волумен на тргување, Binance, привремено ја стопирала исплатата на биткоинот „поради застој во трансакциите“.

Иднината на криптовалутите по Кјубан
Без оглед на лошите вести, Кјубан останува оптимист во поглед кон иднината на крипто-индустријата.

„Дисруптивните апликации и технологијата секогаш ќе го пронајдат пазарот и ќе успеат“, изјавил тој.

Кјубан себеси се нарекува „максималист на eтериумот“, што значи дека ѝ дава предност на платформата во однос на другите блокчејнови. Милијардерот го сака eтериумот поради тоа што е најчесто користен блокчејн, а платформата има паметни договори, дел од компјутерски код кој одредува услови за трансакции и не се „потпира“ на трета страна.