Во Штип денеска ќе биде означен почетокот на градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во Технолошко индустриската развојна зона – Штип.

На настанот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи, како и на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра и според најавите првично ќе се вработат 600 лица.

Во фабриката ќе се произведуваат електро-механички делови за автомобили.

Канадската комппанија „Магна Интернешнал“ веќе има отворено објект во Струга за креирање и склопување на ретровизори.