Двата државни фондови, за здравствено и за пензиско осигурување во 2024-та година ќе имаа поголеми буџети во однос на годинава, пишува Порталб.мк.

Власта проектира зголемување на придонесите во фондовските каси во ПИО и ФЗО но ќе растат и расходите – за пензии, за социјални бенефиции.

За фантастични 130 милиони евра се зголемува Буџетот на Фондот за пензиско осигурување во 2024 та. Според новите проекции, догодина овој државен фонд ќе може да потроши 1.765.309.000 евра. На приходната страна се очекува раст на даночните приходи, со позначајно зголемување на придонесите за социјално осигурување. Но се зголемуваат и приходите од трансфери и донации, догодина по овие два основи се очекуваат 598.200.000 евра што е за дури 44.700.000 повеќе од годинава. Само од Основен Буџет догодина на сметката на ПИОМ ќе легнат 569.805.200 евра што е за дури 62,3 милиони евра повеќе од годинава. На расходната страна, за исплата на социјалните бенефициите во кои доминираат пензиите, догодина ќе се потрошат 1.756.640.000 евра што е за дури 187.622.000 евра повеќе во однос на годинава. Во 2024-та се очекува бројот на вработени во ПИО да остане ист како годинава – 523 а просечната месечна бруто-плата да се зголеми на 846 евра. Вкупната сума за плати, надоместоци и придонеси за администрацијата ќе се зголеми на 5.309.000 евра

Од Централниот Буџет за исплата на пензии догодина се планирани 1.357. 700.000 што е за 7,6% повеќе во однос на сегашниот ребалансиран Буџет.

„За исплата на пензии планирани се 83,6 милијарди денари (1,3 милијарди евра), согласно воспоставената методологија на пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите“ – се наведува во предлог Буџетот за 2024 та.

Догодина ПИО очекува нови 31.500 пензионери а вкупниот број на пензионери да достигне 333.170.