Проектот на Svevind целосно ќе ги засени сите вакви иницијативи

Германската компанија Свевинд објави колосален проект за производство на зелен водород во Казахстан. Планот предвидува воведување опрема за производство на околу 45 гигавати ветер и сончева енергија во огромните степи на Казахстан, што ќе овозможи извлекување на три милиони тони водородно гориво годишно.

Проектот целосно ќе ги засени сите вакви иницијативи во моментов под план или имплементација – има двојно поголем капацитет за производство на азискиот центар за обновлива енергија и се очекува да генерира пет пати повеќе водородно гориво од проектот „Енегикс база еден“ во Бразил.

Во моментов, најголемата фабрика за зелен хидроген во светот, канадскиот Air Liquide, обезбедува само 20 MW максимална моќност на електролиза – додека проектот на Свевинд планира да лансира монструозни 30 GW електролизатори.

Проектот е сè уште во рана фаза. Свевинд неодамна потпиша меморандум за соработка со националната компанија Казахстан Инвест АД, откако во мај ги претстави своите планови пред владата на земјата. Општата фаза на развој, проектирање, пуштање во употреба и финансирање се очекува да трае од три до пет години, а изградбата и пуштањето во употреба на системот – уште пет години.

Зошто Казахстан? Овој гигант од Централна Азија, без море, е 9-та по големина држава и 18-та земја со најмалку население на километар квадратен на планетата со население од само седум лица на километар квадратен. Бесконечните рамнини на казахстанската степа заземаат една третина од земјата, а нивната вкупна површина е поголема од целиот Пакистан. Покрај тоа, Казахстан е најпросперитетна земја во Централна Азија со економија која во голема мера зависна од извозот на нафта.

Постои огромен отворен простор за производство на енергија од обновливи извори, погодни патишта за извоз на водород во Азија или Европа и локални постројки за амонијак, челик и алуминиум кои можат да го користат извлечениот водород.

Покрај тоа, секоја земја што во моментов е зависна од извоз на фосилни горива, мора однапред да ги испланира своите економски стратегии, бидејќи светот ќе се обиде да транзитира кон економии без јаглерод во следните децении.