Кинескиот потпретседател Лиу Он потврди дека официјален Пекинг преговара со САД за укинување на царините и санкциите, објави денеска официјалната новинска агенција Ксинхуа.

Веста беше објавена откако Лиу одржа виртуелен состанок со американската трговска претставничка Кетрин Таи, пренесува Ројтерс.

Тема на разговор беа трговските односи меѓу двете најголеми светски економии.