„Didi Chuxing“, најголемата кинеско апликација за споделени патувања, доби 4 милијарди долари во рамките на новата рунда на финансирање, за да помогне во меѓународната експанзија и развој на вештачката интелигенција, пренесува Ројтерс.

Парите, исто така, ќе бидат наменети за изградба на мрежа на услуги за електрични автомобили, соопшти вчера компанијата базирана во Пекинг. Кругот на финансирање беше поддржан од кинески и странски инвеститори, велат од „Didi“ без да дадат какви било конкретни информации за нив.

„Didi“ е втора по големина сартап компанија во светот по „Uber Technologies Inc.“ Неговата проценка е на 50 милијарди долари, откако во април привлече повеќе од 5,5 милијарди долари. Второто финансирање дополнително ги полни џебовите на „Didi“, додека таа се подготвува да се соочи со „Uber“ на голем број пазари низ целиот свет.

Кинеската компанија успешно го истурка својот американски конкурент од домашниот пазар во 2016 година по жестоката и скапа војна преку субвенции. Иако не е толку агресивна, како што е „Uber“ кога влегува во различни земји, „Didi“ сега се чини дека бара нови пазари. Во август таа го поддржа естонскиот играч „Taxify OU“ со финансиска инвестиција и технологија, додека влезот нејзин во Тајван, за што беше соопштено во оваа недела, ќе биде спроведен по франшиза модел. Компанијата, исто така, планира да ги објави услугите во Мексико до првиот квартал од 2018 година..

Експанзијата на „Didi“ се случува во тежок момент за „Uber“, чиј основач Тревис Каланик беше заменет на должноста извршен директор од Дара Косровшахи порано оваа година, откако компанијата беше потресена од голем број скандали. Тие се движеа од огромното протекување за 57 милиони сметки на возачите и патниците до откритието дека компанијата користела програми за шпионирање на конкуренти.

„Uber“ загуби 1,5 милијарди долари во третиот квартал од оваа година, во однос на 1,1 милијарди долари во претходниот квартал. Нето приходот се зголеми на 2,01 милијарди долари за периодот, што е за 21% повеќе од претходниот квартал.

„Didi “планира да ги зголеми своите инвестиции во таленти и технологии за вештачка интелигенција, за да се прошират уште повеќе можностите за интелигентно возење и интелигентен транспорт“, се вели во соопштението на компанијата. „Ќе стартуваме и иницијативи за изградба на нови мрежи за сервисирање на возила што користат алтернативен погон“, соопшти компанијата.

Меѓу инвеститорите во компанијата се „SoftBank Group Corp.“ и „Mubadala Capital“ од Абу Даби, пријави „Wall Street Journal“, цитирајќи анонимни извори запознаени со прашањето. Финансирањето ги зголемува готовинските резерви на стартапот до 12 милијарди долари, велат од весникот.