Кредитот се рефинансира кога отплатата почнува да боли!

Никој од нас не сака да должи пари, но факт е дека голем број луѓе должат некому пари. Ако сме во ситуација да не сме го вратиле кредитот на банката, а отплатата да започне да ни предизвикува финансиски проблеми, вистинско време е да размислиме за рефинансирање на кредитот.

Кога има потешкотии при отплата на кредитот, многу веројатно е дека следниот чекор ќе биде – доцнење во отплата, а тоа е најлошото нешто што можете да го направите кога станува збор за кредитите. Со ова ќе бидете во негативна категоризација во Македонското Кредитно Биро и ќе бидете „обележани“ за сите банки, а потоа доаѓате до ситуација да ниту една банка нема да ви даде кредит кога ќе ви треба кредит најмногу.

За да го спречите ова сценарио, треба да ги процените вашите финансии и да одговорите на прашањето: дали овој заем ќе биде проблем за мене во следните 3 до 6 месеци? Ако одговорот на ова прашање е „да“, треба веднаш да направите нешто што се нарекува паметно рефинансирање.

Паметно рефинансирање значи земање нов кредит, но истовремено и финансиско прилагодување, поточно корекција на приходите и расходите. Рефинансирање на кредит без промена на навиките би значело само одложување и многу веројатно влошување на финансискиот проблем, а не решавање на истиот.

Ако имате кредит чија отплата прави дупка во вашиот буџет или едвај можете да ја платите ратата, мора да реагирате на овој факт со должно внимание, бидејќи игнорирањето на овие сигнали може да ве доведе до многу поголеми проблеми од монетарна природа.

Доколку сакате да побарате кредит што ќе ви помогне да ги рефинансирате претходните долгови, тука е нашиот БанкоМетар Советник, потполно бесплатна помош при избор на кредит и советување за секој што е во постапка или само планира да земе ваков вид на банкарски производ.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк