Владата на САД е еден од најголемите сопственици на криптовалути во светот, заедно со Обединетото Кралство и Германија, покажуваат податоците на Arkham. Arkham е крипто-известувачка платформа и претставува надзорна плоча која ги прикажува владите со најголем крипто-имот.

Од Arkham велат дека САД, Обединетото Кралство и Германија се некои од најголемите земји во смисла на крипто-холдингот.

Со новата алатка на Arkham за следење поединци можат во реално време да ја следат состојбата со криптовалутите и историјсата на трансакции за која било влада во светот.

Според податоците, американската влада е најголем биткоин кит меѓу државите во светот кои ги следи Arkham и поседува дури 212.847 биткоини, вредни околу 15 милијарди долари според моменталните цени. Освен биткоини, американската влада има и околу 200 милиони долари во други криптовалути како што се етереум, и главните стабилни валути како USDC и тетер.

Владата на Обединетото Кралство е на второ место со 61.245 биткоини, вредни околу 4,5 милијарди долари, а германската влада е на трето место со 49.858 биткоини вредни околу 3,5 милијарди долари.

Објавувањето на овие податоци на Arkham е пресвртница во поглед на транспарентноста за имотите во криптовалути во сопственост нз држави.