Плата без работа: за некои тоа би било решение за социјалните проблеми, за некои награда за мрзеливоста. Во Европската унија постои иницијатива на граѓаните за Европската комисија да се справи со оваа идеја.

Што ако никој не мораше да се грижи за своите приходи? Марва Фатафта честопати се прашуваше за ова во последните неколку недели: „Мислам дека тоа едноставно би елиминирало многу стравови и стресови“. Таа дојде во Германија како палестинска мигрантка и денес живее и работи во Берлин. Таа е вработена во организацијата „Пристап сега“, која се занимава со дигитални, лични права, пишува Дојче веле (ДВ).

„Рано ми стана јасно дека слободата е за мене и дека сум финансиски независна“, вели Фатафта. „Порано сакав да живеам од уметност, но брзо ми стана јасно дека нема да имам редовни приходи од тоа, па затоа се откажав од тој сон.

Марва Фатафта е една од околу два милиони Германци кои се пријавиле да учествуваат во проектот за истражување на основната плата. За разлика од Финска, каде што сличен проект некогаш започна со локалната државна канцеларија за вработување, германските државни канцеларии не се заинтересирани за вакви експерименти.

Зад овој проект стои Германскиот институт за економски истражувања и фондацијата на здружението „Мојата основна плата“. Парите доаѓаат од донации и досега има доволно за 122 учесници.

Од почетокот на следната година, за цели три години, тие треба да добиваат 1.200 евра месечно. Без никакви услови. На овој начин, ние сакаме да видиме какви последици би имале ваквите приходи за учесниците и нивната позиција во општеството.

„Оваа студија е огромна шанса да се спроведат сите теоретски дискусии за безусловната основна плата во социјалната реалност, кои траат во нашата земја со години“, вели шефот на истражувањето, Јирген Шуп. „Ние сакаме да утврдиме дали исплатата на ваква безусловна плата на долг рок ќе доведе до статистички значајна промена во однесувањето и чувствата.

Принципот е едноставен: секој добива месечна плата, без оглед што прави. За разлика од системот за социјална помош, износот секогаш останува ист и нема услови за приматели. Тоа значи дека тие можат да заработат на страна.

Истражувачите во Германија се одлучија за сума што е значително поголема од онаа добиена во Финска и која само по себе може да овозможи живот во кој ништо нема да недостасува. Тоа се некаде околу 1.200 евра, како што е предвидено со истражувањето, пишува ДВ.

Постојат големи дискусии за тоа каде државата би собрала пари од кои на сите би можело да им се обезбеди толку основна плата. Во суштина, социјалното трошење е една од најголемите ставки во државните буџети и нема мали трошоци на институциите што се занимаваат со тоа – така што дел од тие пари завршуваат во џебовите на службениците, а не на оние на кои им се потребни.

Во секој случај, сето ова ќе биде тешко да се направи без зголемување на данокот – било да се работи за данок на наследство, данок на финансиска трансакција и шпекулации или данок на доход на оние кои работат. И затоа дебатата за тоа е ужасна за многумина во Германија.

Сепак, идејата за основна плата се дискутира во многу земји на Европската унија. Формирана е и граѓанска иницијатива, на која Европската комисија сака да се обрати, односно да предложи нацрт основна плата за целата Европска унија.

Застапниците на иницијативата сметаат дека тоа ќе ги намали разликите меѓу регионите и истовремено ќе ја зајакне економската и социјалната кохезија на ЕУ.