Резервите на злато и девизи во Украина се исти како и пред нападот на Русија. 

 

Тие и понатаму се на 29 милијарди долари. Тоа е на исто ниво како пред почетокот на војната. Состојбата е таква благодарение на надворешната финансиска поддршка, изјави денеска економскиот советник на претседателот на Украина, Олех Устенко.

„Пред војната резервите беа 29 милијарди долари, потоа паднаа на 25,7 милијарди долари. Потоа добивме финансиска инјекција и сега повторно се на 29 милијарди“, рече тој.

Устенко е убеден дека украинската валута, гривната, ќе остане стабилна, пренесе Ројтерс.

Поради санкциите од Западот, руската валута рубљата беше на дното минатиот месец, но сега се врати на нивото како пред почетокот на војната.