Сервисерите за климатизација деновиве се повеќе од побаруваните ширум светот, а многумина велат дека нивниот обем на работа се зголемил за десет пати во споредба со претходните години.

Не, ова не значи дека клима-уредите се расипуваат повеќе отколку порано, така што компаниите, но и домаќинствата ги чистат филтрите на климатизерите почесто за да се осигурат дека вирусот не се шири на овој начин.

Пред коронавирусот, многумина од нас работевме безгрижно во големи стаклени канцелариски згради каде што прозорците не можеа да се отворат. Денес, ситуацијата е поинаква, така што фактот дека нема прилив на свеж воздух, туку дека истиот воздух циркулира низ централниот систем, е многу загрижувачки, пишува Би-Би-Си.

Бидејќи започна вакцинацијата против ковид-19, реално е да се очекува дека во наредните месеци луѓето ќе почнат да се враќаат во канцелариите, барем за дел од работното време, сакале или не.

Затоа многумина веќе започнаа да размислуваат за безбедноста на системот за греење и ладење, бидејќи квалитетот на воздухот стана како чудовиште во плакарот.

– Колку повеќе учиме за овие системи, толку помалку ќе се плашиме од нив и ќе најдеме решенија за проблемите – сметаат експертите за климатизација.

Некои компании започнаа со продажба на сензори кои го следат квалитетот на воздухот во канцелариите во однос на присуството на вируси, но и други загадувачи, како и јаглерод диоксид, бидејќи е докажано дека зголеменото ниво на јаглерод диоксид ја намалува можноста на луѓето да донесуваат одлуки.

Ако три лица седат во просторија со средна големина, потребни се 45 минути без вентилација за нивото на јаглерод диоксид да достигне ниво што ќе влијае на нивната мозочна функција. И, ако едниот од нив е болен, потребни се 5 до 30 минути за да се заразат другите.

Но, што се случува кога има загадување на воздухот од надвор? Денес компаниите имаат решение и за тоа, така што постои можност да се зголеми опцијата за прочистување на воздухот.

Психотерапевтите објаснуваат дека многу луѓе ќе бидат нервозни кога наскоро ќе се вратат во канцеларијата и дека треба сериозно да се сфатат нивните стравови за квалитетот на воздухот и можноста за ширење на инфекцијата преку оваа воздушна рута.

Никогаш не сме имале толку многу нервоза и вознемиреност кај луѓето. Некои ќе се вратат во канцелариите по осуммесечна пауза, па затоа е важно компаниите да бидат особено внимателни кон нив, сметаат психотерапевтите.