Челната позиција ја има Кирил Самарџиоски од „Прилепска пиварница“ со 1,12 милиони евра. Зад него е Доне Таневски од „Македонијатурист“ со 262.466 евра дивиденда додека трет на листата е Душан Пецовски од „Реплек“ со 200.000 евра дивиденда.

Кирил Самарџиоски е долгогодишен успешен директор и актуелен претседател на Управниот одбор и е најдобитниот акционер во конкуренција на 12 домашни физички лица.

Доне Таневски како втор на листата е наголем поединечен акционер  на „Македонијатурист“ кој од 19,18 отсто од акциите во „Македонијатурист“ ќе добие 16,22 милиони денари односно 262.466 евра.

Душан Пецовски пак како најголемиот акционер во „Реплек“ за своите акции ќе инкасира дивиденда од 199.800 евра.

Извор: Фактор